Психолошката техника развиена од страна на германскиот психотерапефт Берт Хелингер семејни констелации се користи за разрешување на многу психолошки теми како индивидуални така и теми од меѓу човечките односи и релации.

Семејните констелации познати се и како техника на љубовта која се занимава со законот на душата или правда на душата .

Пристапот е таков што би можело да се работи со индивидуални т.е.лични како и со транс генерациски трауми .

Трансгенерациските трауми кај потомци ,внуци и правнуци се всушност наследни,односно се смета дека една траума може да се пренесува до седмо колено во семејниот систем. Т.е. потомците се соочуваат со истите или слични трауми,емоции и случувања т.н. испреплетувања.

Трауматсткото искуство не се излекува со тек на времето, туку тоа станува се поинтензивно и појако.

Траумата се пренесува генерациски преку информативното поле и преку емотивни и прихолошки емоции и врзувања. Сеедно дали проблемот е на индивидуалено ниво или трансгенерациско ниво со самото негово поставување во констелација се доведува до растеретување енергетстко во системот и тоа резултира и  води до најголемо добро на сите членови од семејниот систем.

Семејните констелации допринесуваат до длабоки емотивни искуства. Воедно на најлесен начин можеме да ги видиме,спознаеме и прифатиме нашите тригерирачките чуства и ситуации од нашиот живот. Со еден збор со самото поставување на констелацијата ние ја добиваме веднаш од квантното поле информацијата кој е причинителот за таа наша траума ,ситуација или проблем.Без разлика дали е наша индивидуална траума или можеби наследена од начите предци т.е.трансгенерациски.

Вака преработеното искуство доведува до баланс во нас и во целиот семеен систем. Делува како на поединецот така и на целиот семеен систем.

Неразрешените случувања од минатото,разни семејни тајни ,неправди и исклучувања на секој член од семејството подоцна  се манифестираат на индивидуално ниво како на пример :

  • Проблеми во партнерски,проблеми во родителските односи. 
  • Здраствени проблеми ,различни облици на зависност ,финансиска нестабилност ,сексуални дисфункции,неуспех во новите работи.
  • Депресија ,анксиозност,чуство на вина ,чуство на неприбадност и чувство на одвоеност,проблеми во комуникацијата,проблеми во говорот  и слично.
  • Обрасците{ т.е. не разрешените трауми} кои сме ги наследиле се повторуваат во нашиот живот и се манифестираат во нашите лични и професионални односи .

Без обзир на нашата стручност ,компетентност на свесно и конгнитивно ниво тие се енергетстки вткаени во нас и ни го комплицираат животот на безброј начини.

Со поставување на констелацијата ние успеваме да постанеме свесни за овој образец и дали тој е наша траума од нашиот живот или е трансгенерациски наследено испреплетување, на тој начин ние успеваме да ги препознаеме ,трансфомираме и интегрираме во нас ,и со тоа би си овозможиле личен напредок и ослободување т.е. енергетско расчистување засекогаш.

Една констелација со времетраење од 40 минути разрешува траума засекогаш…т.е.нема потреба повторно да се повторува во животот, тоа веќе е енергетстки порамнето во нашиот систем. Проблемите како што се алергии ,дисфункционални семејства, финансиска нестабилност ,депресија,неможност за вработување и т.н. Берт Хелингер ги објаснува со една сосема нова точка на гледиште и ни овозможува еден сосема нов пристап за совладување на сите овие тригери преку законот на правдата на душата и љубовта.

Неговите први констелации започнале со идејата за разрешување на болката и патењето ,кои при неговата работа открил дека всушност тие се повторуваат и доаѓаат од семејниот систем т.е. се повторуваат.

Во својата работа дошол до сознанието за природните законитости кои владеат во меѓучовечките односи и кои се длабоко вградени длабоко во семејниот систем сосема несвесно.

Тие се тука во нас,и дали би верувале ние или ние тие се тука и делуваат на нас секој момент.

Пореметувањата се од суштинско значење при семејните констелации,а кои често се манифестираат во дисфункцонални обрасци кои се повторуваат од генерација во генерација во еден семеен систем.

Основните принципи  на природните законитости во семејниот систем се:

  1. Право и потреба на почитување/ т.е. закон на ХИЕРАРХИЈА .
  2. Право и потреба на припаѓање т.е. закон на припадост. 
  3. Право и потреба на рамнотежа помеѓу давања и примања т.е. закон на баланс.

Целта на семејните констелации е да се открие скриената динамика која владее во системот и членот од системот да се насочи на пат кој воде до решение а со тоа би се воспоставил повторно природен ток на љубовта .

Како изгледа една ваква работилница?

Работилниците со семејни констелации вообичаено вклучуваат 10 или повеќе луѓе кои сакаат да ги истражат причините за проблемите со  кои се соочувваат во нивниот живот во доверливо и креативно опкружување .

Луѓето седат во круг за време на работилницата ,клиентот кој работи на одредена тема, одбира личност која ќе го претставува него и други личности кои ќе ја претставуваат неговата фамилија или објектот,чуството,ситуацијата и т.н.

Претставниците заземаат место во центарот на кругот и после активирање енергетсткото поле од страна на тренерот консталатор ,претставниците почнуваат да доживуваат физички сензации,емоции и различни информации кои припаѓаат на членовите од семејството кое го претставуваат .

Преку прашања и пробни изјави ,клиентот и терапефтот добиваат јасна слаика за причинителот на проблемот.

Слика која на клиентот  во моментот му  овозможува да ја препознае скриената динамика ,да ги преработи сите доживувања врзани за темата ,да ги прифати и на тој начин да ги интегрира во системот …а со тоа всушност настанало енергетстки ток или исцелување.

Таа слика овозможува да се отвори една сосема нова перспектива ,длабок увид и сила која ни овозможува длабоки прифаќања и тектонски промени и разрешувања.

Претставниците притоа немаат никакво лично познавање за темата на клиентот ,ниту се запознаени со детали од темата која се поставува во констелацијата.

Така да нивната перспектива е ослободена од самостојно размислување или наметнување лични ментални ставови за темата на клиентот.

Со активно перцепирање на дисфункционалните обрасци ,однесувањето и мислењета кои поединецот ги изнесува во својата работа,така на клиентот му се овозможува неверојатна можност да ги согледа од трета позиција разрешувањето на рационално ниво.

Воедно клиентот се запознава и со различните релации кои се застапени во неговиот семеен систем а за кој можеби никогаш не ни знаел дека постојат .

За клиентот всушност констелацијата претставува еден вид на претстава но и како временска машина кога се разрешуваат трансгенерациски испреплетувања и трауми.

Констелацијата трае од 30 до 40 минути .

Констелациите може да се поставуваат за разни проблеми,обрасци ,чуства кои се повторуваат во опкружувањето на клиентот или во неговиот индивидуален живот .

Семејните констелации овозможуваат работа со осетливи теми и прашања за нашиот живот .

Со активно следење на самата констелација се добива јасна физичка слика која ги покажува начините на кои луѓето,чуствата или објектите се поврзани и се открива динамиката која се наоѓа во основата на одредената ситуација ,проблемот ,чуството и т.н.

При практичната работа со семејни констелации се покажало дека и со самото учество во констелацијата дури и без поставување во улога на клиент се случуваат исцелувања и разрешувања кај сите вклучени учесници.

Увидот кој се стекнува по работата на својата тема допринесува до силно и длабоко исцелување и трансформација на личноста .

Како би добиле што појасна и поширока слика на својот проблем .

Воедно корисно би било да размислите во некои семејни случувања кои имале силен печат на семејниот систем.

Одредени трауматични случувања ,тајни ,неприфаќање или невалидизирање на поединци од семејниот систем доведува до прекин на енергетсткиот проток во семејното енергетстко поле.

 Како и помеѓу членовите во фамилијата што резултира со различни дисфункционални обрасци,однесувања и мислења кои се пренесуваат трансгенерациски на следните генерации во зависност од сериозноста и големината на траумата таа може да се пренесува најчесто до четврто или седмо колено во семејниот систем.

Пред доаѓањето на работилница со семејни констелации треба да размислите за својот проблем,

што точно сакате да промените во својот живот т.е. да ја формулирате темата на проблемот ,потоа кој се припаѓа на вашиот семеен систем,што е тоа што се случило во вашата фамилија што може да се декларира за необичено или трагичен настан,повторувања исти или слични животни приказни и испреплетувања .

Семејните констелации се неверојатен начин за сите клиенти кои сакаат да унапредат одредени аспекти од својот живот или сакаат да разрешат одредени проблематики и повторувања за одредени ситуации врзани за семејни,родителски,партнерски или финансиски теми или различни деловни и животни теми.

Може да се работи и на емотивни теми или било која ситуација или чувство кое на клиентот му е актуелно и важно.

Каде преку процесот на констелација се овозможува расплетување и процесуирање на тригерираната ситуација .

Во семејните констелации спектарот за работа е доста широк како на пример сесемејство,работно место,образование , широки друштвени заедници . Семејни односи ,родителски односи,партнерски односи ,бизнис теми ,различни болести ,дијагнози , различни емоционални состојби и т.н.

Семејните констелации се погодни за широк спектар на клиенти и прашања. Како на пример за :

  • Поединци ,парови и семејства ,јавни организации ,лидери,консултанти,менаџери.
  • Како и за разрешување на семејни, партнерски ,родителски или здрасвена проблематика.

Методата може да биде искористена за благосостојба на сите членови на еден {пр.семеен} систем како и поставување на правилен енергетстки ток на сите вклучени во системот а со тоа всушност се манифестира со добробит за сите вклучени во тој систем.

Погодна е за сите кои сакаат да стекнат увид во природните законитости на животот кои се темелат на љубовта и на правдата на душата.

Закажете ја вашата констелација и запознајте ги нејзините неверојатни моќи .

Верица Огњанова е обучен терапефт за работа со енергетстко поле и Семејни констелации од меѓународниот руски тренер Андреј Каримов. Таа изминатите две години имаше разни тренинзи и учества во семејни констелации со други тренери од соседна Србија .

Верица Огњанова е сертифициран практичар и тренер по бројни холистички техники и пракси : 

  • Тренер по BREATHWORK ,
  • Сертифициран Практичар по  Recconektive Healing -енергетстки сесии како и обучена за лична Реконекција ,
  • Реики практичар, 
  • НЛП практичар,
  • Points of You Explorer методологија и бројни други методологии и обуки но за мене најважната животна сертификација е мојата искреност и автентичност која моите клиенти ја препознаваат од првата средба .

Кога си на патот на својата душа и кога во нешто се даваш 100% и тоа е твојата страст тогаш успехот е загарантиран .

Впрочем за тоа сведочат моите многубројни досегашни задоволни клиенти и соработници .

Ве очекувам со љубов ,

Срдечен поздрав Верица.

mk_MKMacedonian