за Верица Огњанова

Добре дојдовте

во мојата приказна.

Доколку во овој момент се наоѓате во некои борби со себе и светот, се чувствувате несфатени, без поддршка, тогаш сте на вистинското место. Тука ќе најдете оптимизам, причина за верба, надеж и радост.

Ви честитам, вие веќе сте на првото скалило на себе-сакање, себе-прифаќање и освестување за своите квалитети и вредности, овде ќе најдете алатки за оптимизам и високи фреквенции на дејствување, кои верувам ќе ви бидат од неизмерна корист.

Јас сум Верица Огњанова, по професија сум медицинска сестра, а животната професија ми е – посебен родител, мајка на мојата инспирација и хероина – Јоана, која има Даунов синдром.

 

Мојата мисија

Мојата мисија пред се како жена а потоа и како посебна мајка е освестување и пронаоѓање на себе си во овој брз свет и како да научиме ние да ги водиме животните улоги (и сите нивни ангажмани) а не маестрално и несвесно улогите да не водат нас.

Навидум лесно но ова бара многу свесност и желба за работа на себе но ви гарантирам секогаш вреде за резултатите.  

N

на студии за доктор по природна медицина, хербализам и нутриционизам.

N

Јога по чакри и јога нидра

N

Реики 1,2 и 3

N

Ангелески вибрации 1 и 2

Што добивате

На мојот веб сајт би пронашле многу корисни информации за себе,за семејните врски,улоги,благосостојба, здравје. Инспирирана од лично искуство и личен пример.

Како можам да ви помогнам

Мојот сон е наскоро да сум лајф коуч за посебни родители притоа со поголема насока кон подигање на свеста кај жената и нејзината самодоверба,сила, квалитети и автентичност.

Моите обуки

  • Емоционална интелегенција
  • Обука ,,Ти си таа “
  • Обука родова еднаквост
  • Обука женско зајакнување
  • NLP во реализација
  • Обука ослободување на емоции според Филис Кристал

Мојата борба

“Во оној момент кога ќе се помириме и мислиме дека секоја борба е залудна и дека нема решение животот ќе ни покаже колку нè сака и колку е спремен да не поттурне.”

Порано мислев дека учењето завршува со завршувањето на образованието. Во оној момент кога станав посебен родител, која улога доаѓаше со бројни бури, јасно ми беше дека мора да се откажам од своето образование и кариера. За среќа одсекогаш сум била одговорна личност и иако имав само 21 година, многу храбро ја прифатив таа моментална состојба. Најважно ми беше Јоана да преживее, додека моите цимери, колеги го шетаа светот како студенти и јас го шетав светот, но од една сосема друга перспектива. Јоана на 7 месеци се оперираше од доста сложена срцева маана ви Република Бугарија, сето она низ што минува светот во моментов, ние го поминувавме пред 10 години: маски, стерилизација, дезинфекција. Најважно ми беше да преживее.

По 3 дена отворен граден кош и интензивна нега, таа закрепна. После толку дена ме препозна, се радуваше на мене што ме гледа, а имаше само 7 месеци. Јас радосна што ја преброди операцијата и докажа дека е херој, за мене беше доволен стимул и инспирација дека таа сака да живее, а јас морам да сум тука за неа. Бев подготвена за сите борби и перипетии кои следеа, ја прифатив одговорно и храбро улогата која ми ја дади животот, тоа беше пакет на кој само пишуваше Даунов синдром, другото неможев да го знам, таа сеуште беше бебе. Кога прооди на 3 години кога почнав да увидував каква подвижна среќа е Јоана, која сила и храброст се собрани во неа. Тогаш почнав јас да учам од неа.

иОд неа почнав да увидувам колку таа живее повистински и поквалитетно, ако и се смее се смее, ако и се плаче – тогаш плаче, за потоа повторно да му се радува на животот и на најмали нешта. За мене тоа беше едно големо откровение и увид. Колку ние живееме лимитирано и со стеги за разлика од неа. Годините минуваа понекогаш кога ќе бев самата со себе знаејќи ги своите капацитети и како учесник на генерација, знаев да се запрашам длабоко во себе: Што ќе беше Верице, ако завршеше доктор по медицина или психологија? Го имав тој жар и чувство на нереализираност на своите капацитети и соништа, за среќа одсекогаш сум оптимист и го хранам мојот мозок со тоа што го имам, ја имав Јоана – мојот трофеј на живот и инспирација .

Кога пред 2 години целиот свет запре, кога целиот свет живееше во паника и страв и гледаше статистики на мртви и заболени (и јас истото го спроведував 10 дена водена од својата Медицинска логика, но и фактот дека и двете со Јоана бевме во ризик група, едноставно сватив дека повеќе таа дневна пракса на следење болни не ми служи и ми прави чувство на немоќ), ги пресеков сите портали со паника и страв и почнав да барам нешто што ќе ми служи. За среќа денес постојат толку информации на YouTube, па како мало дете почнав да слушам и како сунѓер да впивам нови знаења кои едноставно резонираа со мене и во кои пронајдов многу одговори на кои класичната медицина немаше. Тоа е така бидејќи класичната медицина се занимава само со еден сегмент од нашето битие, а ние сме многу повеќе од тоа. Така почнав полека да учам за моќта и вибрацијата на зборот, на мислата.

Почнав да ги проучувам емоциите и нивната поврзаност со нашето тело. Сега ми беше јасно зошто имав тешка пневмонија од која едвај останав жива. Тагата како емоција владее со белите дробови од нашето физичко тело…тоа за мене беше огромно откритие и јасност зошто и што доведило до таа состојба. Стравот за стабилност и егзистенција раководи со кичмата – јасно ми беше зошто имав дискус хернија. Водена од своето лично искуство и бројните перипетии доживеани почнав да разбирам како функционираат нашите системи и од каде се произлегува.

Така денес по 2 години активно освестување и работење на себе, всушност ученикот кога е спремен секогаш се појавува учител да те води. Денес на моите 32 години сум на студии доктор по природна медицина, хербализам и нутриционизам. Завршив бројни обуки, курсеви Јога по чакри, Јога нидра, Ангелески вибрации 1 и 2 Реики 1, 2 и Реики 3 -А Емоционална интелегенција, Обука,, Ти си таа “, Обука родова еднаквост, Обука женско зајакнување, NLP во реализација, Обука ослободување на емоции според Филис Кристал, учам и еден странски јазик и безброј, безброј стимулативни видеа од говорници кои резонираат со мене и моите вредности. Сето ова благодарение на Ковид 19. Учени од дома и притоа чување, анимирање, хранење и т.н на Јоана. А пред неколку години мислев дека со моето учење и кариера е завршено засекогаш. Ете, животот ми покажа и докажа дека не е така.

Во оној момент кога ќе се помириме и мислиме дека секоја борба е залудна, дека нема решение животот ќе ни покаже колку нè сака и колку е спремен да не поттурне. Но, тоа се случува само кога ќе се освестиме и ќе преземиме потполна одговорност за себе и своите постапки, кога ќе престанеме да им даваме моќ на другите и им велиме дека тие се криви. Кога ќе си го ставиш фокусот на себе, тогаш и доаѓаат решенијата, бидејќи овде има одговорност.

Така денес научив доста вешто да менаџирам со сите мои тела (емоции, мисли, дух како и со физичкото тело). Но, тоа не е нешто што си го научил и процесот завршил – тоа е нешто што бара огромна свесност и работа како и следење на себе, практично тоа е процес кој трае додека живееме.

Young Living

Есенцијалните масла го постигнуваат своето влијание врз телото на 2 начини: првото е преку мирисот, а вториот е преку крвотокот! Есенцијалните масла се навистина вистински дар од природата, ве охрабруваме да истражувате, пробате и да ги најдете маслата кои најмногу ви одговараат.

Направете сами пилинг, серуми, додадете есенцијални масла во кремите кои ги користите, бањата или шампоните… Поттикнете ја и збогатете ја вашата козметичка рутина и наскоро ќе видите позитивни резултати!   

Реконективно исцелување

Реконективно исцелување е модерен феномен во областа на лекувањето. Нè поврзува со севкупноста на универзумот, исто како што нè поврзува со севкупноста на нашето битие, со она што навистина сме.

Реконективното исцелување е холистички, неинвазивен пристап кон здравјето кој нуди придобивки без ризици. Тој е ефикасен во обновувањето на благосостојбата на сите нивоа, како и во спречувањето на болести. Тој е фокусиран на причините, наместо на симптомите и во основа делува на враќање во состојба на рамнотежа и целина, со што се поништуваат темелите на болеста.

Реики третман

Верица Огњанова е сертифициран Реики енергетски терапевт. Нејзината практика вклучува работење на Реики методата и на далечина.

Дополнително во индивидуалните сесии кои ги води Верица со нејзината програма, таа ги вклучува Реики енергетските сесии кои значително овозможуваат подобрување на квалитетот на животот на клиентот.

Реики сесиите се одвиваат во опуштена и релаксирана атмосфера.

Зошто работам со жени

Жената многу често низ вековите морала да тренира допадливост во општеството бидејќи како понежен т.е послаб пол многу често врз неа биле наметнувани улоги ,задачи како и насилство кои не и биле по својата волја…денес тие вековни жртвувања на жената сеуште постојат запишани во нејзиниот генетски код во нејзината днк а одтука произлегуваат слабата самодоверба, несигурност во себе и своите квалитети…постојано тежнее по некоја лажна совршеност а всушност тоа денес се манифестира како женска несигурност и е современ начин на бегање од тоа да не е видена ,приметена т.е самата допринесува за себесаботирање а со тоа нереализирани соништа,визии и цели. Но дали тоа е во склад со нашиот дух,кој бара постојани креации,раѓање и креирање на нови нешта.

Затоа многу често жената длабоко пати и притоа и се наметнува дека нејзината обврска е да чисти,пере и раѓање на деца.

Но за среќа на нашите простори има доста жени кои покажале и докажале дека тоа не е точно дека светот и сите убавини професии и улоги ни припаѓаат исто како и на посилниот пол.

Контакт

Скопје, Македонија

Понеделник до петок : 9 – 13 часот
mk_MKMacedonian