Прифати. Сакај. Разбери
Добре дојде.
Јас сум Верица Огњанова, реики IIIА практичар, студент на природна медицина, хербализам и нутриционизам, лајф советник и посебен родител на ќеркичка со Даунов синдром.

Трансформирај го својот живот.
Живот, кој длабоко во себе знаете дека го заслужувате.
Ви честитам вие веќе сте на првото скалило на себесакање, себеприфаќање и освестување за квалитетите и вредностите кои ги носите во себе.
Овде ќе најдете алатки за оптимизам и високи фреквенции на дејствување кои верувам ќе ви бидат од корист и ќе ви помогнат полесно да го трансформирате својот живот во оној кој вистински во себе знаете дека го заслужувате.
Рачно изработени сапуни
Природно рачно изработено ремек дело – глицерински сапун во комбинација со неодолливиот мирис на неверојатните и моќни чисти етерични масла на YOUNG LIVING.
- Ја хидратира и длабински ја чисти вашата кожа.
- Наменет за раце и тело.
- Создава совршена пена и вашата кожа мириса неколку часа после негова употреба.
- Не е тестиран на животни.
- Вегански производ.
Создаден од природни путери, рицинусово масло, глицерин и многу други состојки кои се храна за кожата.
*Со купување на производи изработени (или делумно изработени) од лицата со уникатност допринесувате за нивно прифаќање и реалиризирање во општеството.
Young Living
Есенцијалните масла го постигнуваат своето влијание врз телото на 2 начини: првото е преку мирисот, а вториот е преку крвотокот! Есенцијалните масла се навистина вистински дар од природата, ве охрабруваме да истражувате, пробате и да ги најдете маслата кои најмногу ви одговараат.
Направете сами пилинг, серуми, додадете есенцијални масла во кремите кои ги користите, бањата или шампоните… Поттикнете ја и збогатете ја вашата козметичка рутина и наскоро ќе видите позитивни резултати!
Данини - природна козметика
Со многу љубов, внимание од работилницата на Данини излегуваат природни рачно изработени производи со врвен квалитет.
Реики третман
Верица Огњанова е сертифициран Реики IIIA енергетски терапевт. Нејзината практика вклучува работење на Реики методата и на далечина.
Дополнително во индивидуалните сесии кои ги води Верица со нејзината програма, таа ги вклучува Реики енергетските сесии кои значително овозможуваат подобрување на квалитетот на животот на клиентот.
Реики сесиите се одвиваат во релаксирана атмосфера.
Од Верица
Мојата мисија
Пред сѐ како жена, а потоа и како посебна мајка е освестување и пронаоѓање на себе си во овој брз свет. Како да научиме ние да ги водиме животните улоги (и сите нивни ангажмани), а не маестрално и несвесно улогите да не водат нас.
Навидум лесно, но бара многу свесност и желба за работа на себе. Ви гарантирам, трудот вложен секогаш вреди за резултатите.

Блог
Најнови објави и ресурси
Етерични масла и позитивни афирмации: пет моќни комбинации.
Новата година претставува ново поглавје во животот на секој од нас, како и можност да поставиме цели и решенија за годината што претстои.
Но, ние исто така разбираме дека изминатите две години донесоа голема неизвесност што можеби направи многу цели да изгледаат застрашувачки или недостижни. Сметаме дека вербата во себе е клучна за 2023 година да биде успешна и исполнета година, а еден од најдобрите начини за зајакнување на самодовербата е секојдневно да практикувате позитивни афирмации со помош на есенцијални масла.
Добро утро,секое утро: Ароматерапија за добро здравје и емоционален баланс
Нејзиното височество - ароматерапијата! За благодетите кои можеме да ги добиеме од етричните масла раскажува Верица Огњанова... Целе Ристески BiGhma Aku Автор: Bela Aleksandra https://www.facebook.com/bela.aleksandra.7/videos/433385681627337...
ЦрноБело: Верица Огњанова: Имав само 21 година, ми кажаа дека ќерка ми има Даунов синдром, но нејзината насмевка ми е лек за се`
„Да ти соопштат такво нешто на 21 година во 22 часот, да си сам и да си имал сосема нормална бременост беше доста шокирачки и како за шлаг на тортата - таткото славеше во кафена со другарите за нејзиното раѓање. Тоа беше најтешката ноќ, да имаш...
Мејл
kontakt@vericaognjanova.com
Телефон
+389 (0) 72 233 295
локација
Скопје, Македонија