Верица Огњанова има 34 години, и е од Неготино, како што ни раскажа од едно прекрасно место на природата и најубавото грозје Долни Дисан.
По професија е медицинска сестра и практичар и ментор по бројни холистички пракси и техники кои допринесуваат за една целокупна благосостојба на едно човечко битие.
По животна професија, пак е мајка на нејзината хероина и животен гуру, Јоана, 13 години која има Даунов синдром .
„Ние посебните родители сме една посебна психологија која постојано трага и бара некое решение кое би му го олеснило и продуцирало квалитетот на животот на нашите деца.
Многу често заборавајќи во таа игра дека од празна чаша не можеш никому вода да го послужиш.
Така и јас трагајќи првенствено за неа …потоа сфатив колку работа имам најпрвин на себе, а кога голем дел разрешив кај мене тие спонтано се рефлектираа и кај неа“, ни раскажува оваа силна жена.
Верица вели дека, за среќа медицинската логика и лојалност одамна научла да ја остави на страна нормално делумно и не во екстрем ….но така отворила една нова врата за нови знаења, вештини поддршка и т.н.
Прочитајте го целото интервју ТУКА.