Ароматерапија 

Jазикот на љубовта е во природата! 


👉 Есенцијалните масла го постигнуваат своето влијание врз телото на 2 начини: првото е преку мирисот, а вториот е преку крвотокот! Есенцијалните масла се навистина вистински дар од природата, ве охрабруваме да истражувате, пробате и да ги најдете маслата кои најмногу ви одговараат.

👉 Направете сами пилинг, серуми, додадете есенцијални масла во кремите кои ги користите, бањата или шампоните… Поттикнете ја и збогатете ја вашата козметичка рутина и наскоро ќе видите позитивни резултати! 🍀✨  

 

Енергијата на маслото ни покажува во кој дел од животот имаме потенцијален проблем. 
 
Нашиот ум ни кажува приказни во секој момент – за нас самите, за другите, за светот. Тие порано ни помагаа успешно да се справиме со предизвиците, но ако не ги промениме свесно како што се менуваат околностите, можеме лесно да заглавиме во нив. Есенцијалното масло е неопходна алатка која со својата енергија јасно ни покажува во која област од животот создадовме структура што не поддржува и што ни создава потешкотии. 
 
Тие ни го покажуваат ова на различни начини – мирисот предизвикува меморија, емоции и укажува на проблеми на физичко ниво. Tие ни покажуваат, но нас е да видиме. Но, тие секогаш нè поддржуваат во преземањето на одговорноста за промените.  

Често ме прашуваат како етеричните масла влијаат на нашето тело, како мирисите  можат да ни го зајакнат имунитетот, да не смират …. или да не разбудат …?

На почетокот, дури и не ми беше грижа како функционираат, јас бев вљубена во мирисите, уживав во промените, ги забележав  придобивките и тоа ми беше важно.

Но, искрено, често се прашувам какво чудо е да се отвори шишенце и да се почувствува ефектот на етеричните масла за неколку секунди.

Кога ќе мирисаме етерично масло олфакторните органи ја активираат меморијата и влијаат на нашето однесување и расположение. 

Истражувањата покажаа дека луѓето кои се опкружуваат со пријатен мирис имаат многу повисока самодоверба! 

Мирисите не стигнуваат само до мозокот туку и до белите дробови. Ситните мали молекули се врзуваат за молекулите на кислород и на тој начин влегуваат во крвотокот и го стимулираат телото да заздрави. 

Етеричните масла можат да се апсорбираат преку кожата и на тој начин да влезат во крвотокот каде што ќе ги покажуваат своите благотворни ефекти. 
 
Кога отвораме шише есенцијално масло, не можеме ни да замислиме какви процеси се случуваат во нашето тело. 
 
Кога бирате квалитет, 
изберете Young Living !!

 

Еве уште една интересна графика за квалитетот на есенцијалните масла и што значат специфичните имиња. Многу компании често нагласуваат дека нивните есенцијални масла се „органски“ или „100% природни“ и, како што можете да видите, не кажуваат премногу за нивниот квалитет.

Исто така, ‘food grade oils’ честопати се потенцираат како „доволно чисти за да се конзумираат орално“, но овие масла многу често се обработуваат за да се отстранат одредени состојки кои истовремено ја намалуваат моќноста на самите масла.

Young Living етеричните масла припаѓаат на групата во ‘highest quality’ бидејќи се произведени според највисоките стандарди и во секое шише се зачувани сите составни делови на молекулата.

Пример: Одредени компании произведуваат цитрусни масла кои се дестилираат со пареа (топла пареа) или хемиски лишени од состојки што можат да дејствуваат фотококсично. Овие есенцијални масла се чисти, но тие не се 100% природни бидејќи природната структура на молекулите е нарушена.

Ладно цедената дестилација е најдобриот начин за производство на есенцијални цитрусни масла кои целосно го зачувуваат интегритетот на молекулот, но не ги отстранува компонентите што се фотоотоксични, па затоа препорачуваме претпазливост при користење на нашите есенцијални масла на кожата, особено кога станува збор за изложеност на сонцето.

Погледнете ги производите од Young Living 

Прикажувам 6–10 од 34 резултати

mk_MKMacedonian