Времето – лек за сè?
Дали навистина е така?
Дали времето е лек за сè или сè е интерпретација на нашиот раст и развој?
18ти,19ти и 20ти jануари пред 10 години беа најтешкото нешто што во животот сум го доживеала.
Јоана имаше операција на срцева маана во Р. Бугарија.
Тоа беше таков тежок период, кој на никој не би му посакала да го минува, особено не на 21 година, колку што имав тогаш.
Но, битките во животот, некој мудар кажал, дека се во зависност од твојата сила и храброст и апсолутно тврдам дека секој тригер кој го имаме во животот е само за наше будење, за наше освестување и за наш раст и развој. Најважно е да живееш овде и сега во овој момент, бидејќи само овој момент е единствен и уникатен. Само на сегашниот момент ја имаш целосната контрола и моќ и од тебе зависи како ќе го искористиш.
Кога ќе си толку блиску до смртта и својата немоќ, растеш… можеби сега ви е јасно зошто шириме среќа, љубов и позитивност.
Кај Јоана тоа е природно, таа е битие на радоста и на живеење во моментот.
Кај мене не беше така, мојот логичен ум кој постојано претпоставува и бараше стравови и опасности кои апсолутно некогаш не се ниту реални и возможни, но за супер интелегентите многу логични.
Јоана ме научи да кажам стоп на сите можни режии во својата глава и да се водам по нејзиниот дневен ритам кој секогаш е насмевка, среќа и радост.
Тогаш ни на сон не верував дека денес после 10 години ќе сум благодарна за тоа искуство.
Кога ќе си толку блиску до смртта и ќе сватиш дека твојата логика не ти служи, тогаш воздивнуваш и само си реков една реченица – ,,Ако има Јоана век, ќе има и лек”.
А што беше ова реченица? Таа беше само смирување на егото и свесно увидување дека животот ни е само подарок, тој започнал не по наша волја и ќе заврши не по наша волја.
Тоа беше еден тест од тешки четири дена кога не знаеш што ќе биде со твоето дете, а фактот дека е четири дена со отворен граден кош ме полудуваше.
Тогаш сваќаш дека имаш многу работи во твоја моќ, но не и траењето на животот – тој е само скапоцен подарок со одреден временски рок на користење.
Од нас зависи дали ќе го славиме подарокот – живот или рокот на подарокот – смртта.
Денес после 10 години благодарна за тоа искуство, бидејќи тие тешки и немоќни моменти ќе те освестат кога имаш лесни и моќни моменти.
Од вчера анализирам и размислувам колку сум променета и само си реков: па, поминаа 10 години! Но, дали навистина времето е лек или само моето будење и работа на себе е победата над секоја ситуација.
Ако времето е лек за сè, зошто тогаш луѓето еден проблем од пред 30 години го живеат како да се случил вчера?
Некој живее 70 години, но, умрел на 20.
Што значи излегувањето од кругот на жртва и немоќ не е лесен и апсолутно не е поврзан со факторот време, тој е поврзан само со едно со освестувањето за сега и овде.
Со освестување на тоа што имам, а не на тоа што немам.
Да бев типичен логичар ќе ве труев како Македонија не прави ништо за лицата со уникатност, како Неготино не прави ништо со децении за овие лица и т.н.
Или до утре може да пишувам кои работи Јоана не може да ги направи, но дали јас или некој друг би имал корист од тоа?
Или само би бегала од својата одговорност како родител и сите би ми биле криви.
Кога ќе се разбудиш и разбереш дека ти и само ти си одговорен за својот живот и како ти би реагирал на секоја ситуација и проблем. Тогаш се наоѓа и решението, за тоа јас сум најголем доказ.
Во минатото овие денови да не кажам и целата оваа недела за мене беше недела на седативи, тага и болка и внатрешен дијалог – ,,Ех, што мораше моето дете да помине за да преживее”.
Дури и чувствував одговорност дека одново и одново треба да го доживувам она што го поминавме низ болничките ходници.
Но, кога ќе одлучиш дека ти си одговорен за својот живот, за своите мисли и зборови, а со тоа и како вибрирам и како моето тело зрачи фреквенциски, тогаш се почнува да сè менува.
Оваа година заклучив дека сум се променила, а промената е резултат само на моите свесни избори и поголема свесност за сега и овде.
Овие денови ги живеев во радост и среќа, а ако мојот логичар ме однесеше во минатото со некоја слика, тогаш само уште повеќе бев благодарнаи среќна и ќе му благодарев на Бог за вториот живот на Јоана.
Вечерта сватив колку сум се променила, колку живеам поквалитетно, посвесно и кој раст е за од една толку тешка ситуација денес да се заблагодарувам и кажувам стоти пат – фала.
На секој што се соочува со слични проблеми му посакувам да го најде својот мир и доколку сака може слободно да ме побара, ќе ми биде чест ако на некој начин допринесам со своите знаења, техники и вештини како да се излезе од тие лавиринти.
Јас сум Верица Огњанова и мојата цел е подигање на јавната свест на луѓето, како и излевање од улогата на жртва и немоќ кои многу посебни родители за жал денес ја живеат.
За мене и мојата приказна прочитајте тука https://vericaognjanova.com/za_verica/
Праќам љубов и свесност.