Пет Елементи – Ритрит на душата

30 мај – 1 јуни 2025

Вила Белица – Македонски Брод

Овој ритрит не е само тридневно повлекување.

Ова е повик. Потсетник. Преродба.

Тоа е длабок процес на враќање дома – во своето срце, тело и душа.

Во периодот кога мојот свет беше во мрак, кога надежта се губеше, токму таму ме пронајде светлината.

Таа светлина беше мојата Јоана – мојот ангел, мојот учител, мојот животен гуру.

Од тој момент, мојот пат беше јасен – да бидам поддршка и водство за сите кои се подготвени да направат чекор кон својата најдлабока трансформација.

И така започна нашето патување – а денес, од различни димензии, продолжуваме да го водиме заедно.

Со над 200 семејни констелации, 35 работилници, и безброј длабоки, свети процеси зад мене, време е за нешто поголемо.

Ако 5 часа трансформациска работа носи чуда – замисли што можат да донесат 3 дена длабока енергетска работа.

licna-rekonekcija-od-Verica-Ognjanova
licna-rekonekcija-od-Verica-Ognjanova

Овој ритрит е создаден за тебе ако:

  • Чувствуваш дека е време да отпуштиш
  • Да простиш
  • Да се поврзеш со својата душа и нејзината мисија
  • Да го исцелиш срцето и да се вратиш во својата автентичност
  • Исцелување и затварање на сите стари временски линии кои се базираат на илузија и поврзување со нашата оригинална временска линија 
  • Исцелување на родот и сите болни и трауматични настани кои се случувале  во родот а денес го моделираат многу слично и твојот живот ….ова е време и место каде тие мрежи ќе бидат ослободени и растворени засекогаш.
  • На овој начин овозможуваме и создаваме простор за нова и здрава креација во нашата нова боженствена а притоа и физичка реалност

Програма

Петок

– Добредојде и поврзување

– Медитација за срцето

– Отворање на светиот круг

– Какао церемонија

Сабота

– Длабока енергетска работа

– Семејни констелации

– Breathwork сесија и поврзување со твојот доминантен елемент

– Длабоки хипнотички медитации преку кои ќе исцелуваме трауми од овој живот ,од нашата потсвест како и трансгенерациски трауми.

– Медитација за балансирање на петте елементи 

– Танцување,пеење и бројни вежби за ослободување на потиснатиот глас и целиот акумулиран и заглавен стрес и адреналин во нашето тело

Недела

– Breathwork сесија 

– Светлосен процес на билокација во иднината

– Поврзување со својата супер-свест и својата идна верзија од себе 

– Споделувања искуства и поврзување со групата на ниво на духовна фамилија 

– Затворање на кругот

Што ќе доживееш/искусиш ?

  • Семејни констелации
  • Енергетска работа
  • Breathwork сесија -методологија Пет Елементи
  • Какао церемонии
  • Хипнотички медитации
  • Reconnective & Angelic Healing
  • Reiki
Сето ова – спроведено во прегратките на Вила Белица, покрај лековитата Беличка река. Таму каде што тишината зборува, природата лекува, а секој дел од тебе конечно може да здивне.

Што те очекува на ова спиритуално патување?  

Три дена /две ноќевања/сместувањето е во двокреветни и трокреветни удобни апаратмани (можност за резервирање на пријатели,партнери како и можност за стекнување на нови здрави пријателски врски кои траат цел живот) 

  • Полн пансион со вкусна традиционална домашна македонска храна (појадок ,ручек и вечера)
  • Неверојатна боженствена исцелувачка природа на Вила Белица- Македонски Брод
  • Раскошно зеленило и високи исцелувачки вибрации покрај Беличка река 
  • Моќно енергетстко место каде ќе ослободиме многу и ќе се повземе со нашите корења на едно подлабоко ниво

Ова е ритрит за оние што се подготвени за вистинска средба со себе.

За оние што се спремни да се ослободат од стари шаблони и да запловат ослободени во нова реалност.

За оние што сакаат да си дадат нова шанса.

Ако душата ти шепоти „ова е за мене“ – послушај ја.

Бидејќи таа веќе знае.

Бројот на местата е ограничен на 14 луѓе!

Резервација и информации на: 072 233 295 

Инвестицијата во себе /цена : 12.222ден.

Јас сум Верица,

По професија сум медицинска сестра, а животната професија ми е – посебен родител, мајка на мојата инспирација и хероина – Јоана, која има Даунов синдром. Животниот пат ме донесе до место каде морав да побарам алтернативи за да го олеснам животот на Јоана, а пак од тука започнува мојата нова приказна.

Во тој момент сфатив дека нема ограничувања и дека имам слободна и одговорност, да го развивам мојот живот во насока во која сакам. Па така, одлучив да се запишам на студии доктор по природна медицина, хербализам и нутриционизам, а своевремено се сретнав со Реики методата и почувствував големи подобрувања во повеќе апекти во животот, а потоа и самата станав сертифициран Реики мастер енергетски терапевт. На овој начин ја создадов оваа програма која комбинира енергетски методи, како и препарати кои ќе придонесат за лекување на телото и душата.

Во оваа програма реики методата ја искомбинирав со арома терапијата и терапија со кристали, и создадов еден пакет кој е наменет за жени кои сакаат да си посветат време на себе, да ги исчистат своите внатрешни тежини и да постигнат баланс. А главната цел е секако, таа внатрешна хармонија лесно да се пренесе во надворшноста, настаните кои ни се случуваат, луѓето и околината.

Контакт

Ви требаат повеќе информации?

Контактирајте ме, со задоволство ќе одговорам на сите ваши прашања. 

Мејл

kontakt@vericaognjanova.com

Телефон

+389 72233295

mk_MKMacedonian