Лична реконекција
Меридијанските линии на човечкото тело (понекогаш ги нарекуваме линии за акупунктура) во нивната оригинална форма биле комплетни и поврзани со мрежата на линии што ја опкружуваат
нашата планета. Овие линии нè поврзувале и со многу поголема мрежа која го опфаќа целиот Универзум.
Во одреден временски период, првобитната структура на меридијанските линии во човечкото тело била скината и ние сме се исклучиле од нив, па на некој начин сме останале отсечени од
нашата природна врска со Универзумот и на тој начин ние како вид сме се оддалечиле од нашата претходна брза и експанзивна фаза на еволуција.
Секое човечко тело сè уште има свој сет на енергетски линии и точки, и иако тие се само слаби остатоци од нивната поранешна првобитна состојба, сè уште нè поврзуваат со Земјата и Универзумот.
Зошто е потребно лично реконективно исцелување?
Преку личното повторно поврзување се воспоставуваат „нови“ аксијатонски/меридијански линии кои повторно нè поврзуваат, но на многу посилно и понапредно ниво од кога било досега.
Овие нововоспоставени линии се дел од безвременската мрежа на интелигенција од која се црпи основната енергија за да се обноват функциите на човечкиот организам.
Воспоставувањето и активирањето на овие нови линии ни овозможува да примаме енергија, светлина и информации, како и повторно да ги поврземе структурите на ДНК и да се вратиме во состојба на целина и единство со сè.
Што се случува за време на реконективна сесија?
Личната реконекција се прави еднаш во животот и се прави во две посебни сесии во два последователни дена.
Времетраењето на секоја сесија е околу 30 – 45 минути.
СИМПТОМИ НА ДУХОВНАТА ЕВОЛУЦИЈА
Што може да очекувате при лична реконеција?
Реконективното исцелување функционира така што интелигентната енергија на Универзумот точно ги препознава блокадите, ги „пробива“ и нè враќа во природна состојба на здравје и рамнотежа. Исцелувањето е нежен процес на воспоставување рамнотежа на сите нивоа, а исто така е и превенција од болести. Му помага на телото да се врати во првобитната здравствена состојба на клеточно ниво, а со тоа ги поништува причините за болеста. Интелигентната енергија точно знае каде да дејствува за најголемото добро во тој момент.
Практичарот овде служи како „антена“, односно катализатор кој му помага на клиентот да се поврзе со оваа универзална енергија и да прими.
Како може да се манифестира?
1. Болка во горниот дел на грбот.
Го покрива вратот, рамената и ‘рбетот благодарение на енергетските промени во силата.
2. Промени на сентиментално ниво.
Нестабилност во емоциите…затоа што чувствувате длабока тага зошто се откажувате од минатите искуства.
3. Плачење без очигледна причина.
Ова е физичкиот начин на ослободување енергија за кој зборувавме претходно.
4. Промени на работните места.
Како што сте во транзиција… нормално е да почнете да го менувате она што ве опкружува и да го добивате она што навистина го сакате.
5. Тешкотии со спиењето.
Секогаш се будите во зори, тоа е затоа што вашето тело работи, го ослободува и ја врши оваа метаморфоза. Дишете длабоко и не заглавувајте со тривијални работи.
6. Ослободување на врските од минатото.
Бидејќи сме поврзани со енергични врски со луѓе од минатото, вие сте во процес на ослободување од нив.
7. Силни емотивни соништа.
Нормално е да сонувате природни катастрофи, прогонувања… Ослободувате стара енергија, (вградена во потсвеста) за да ја обновите за нова и подобра, старата енергија се манифестира во овие соништа наречени кошмари.
8. Физичка дезориентација.
Ќе се чувствувате дезориентирани, со чувство на одење меѓу два различни света. Како што вашата свест се префрла во новата енергија… тогаш се чувствувате како вашето тело да заостанува.
9. Зборување за себе.
Почесто ќе разговарате со себе, нивото на комуникација со вашето внатрешно битие… расте и ќе достигне повисоко ниво и ќе стане интуитивни.
10. Го губите ентузијазмот.
Ја губите страста и немате желба да правите ништо, ова е дел од процесот. Мора да одвоите време за да не правите ништо непожелно, овој момент е потребен за да се врати чистата енергија.
11. Чувство на осаменост.
Дури и ако сте опкружени со многу луѓе, се чувствувате изолирано и сакате да бидете сами. Не сакате гужви. Тоа е затоа што вашите Водичи си заминаа… за да можете да имате време и да ја обновите вашата енергија. Празнината ќе биде исполнета со љубовта и енергијата на вашата нова свест.
12. Би сакале да си одите дома.
Ќе доживеете голема желба да се вратите на вашите почетоци, да ја напуштите планетата и да се вратите дома… Ова е затоа што сте ги завршиле вашите кармички циклуси и сте подготвени да започнете Нов Живот додека сте во вашето физичко тело. Патот по кој ќе чекорите сега ќе ве направи подобра личност.
Доколку сакаме низ овој пат да поминуваме побрзо, полесно и како победници низ истиот-секогаш енергетските третмани се од огромна важност,помош и поддршка.
Закажете го вашиот информативен разговор и кратка сесија и уверете се самите во нивната моќ.
Подарете си го ова прекрасно искуство
Цената на Личното повторно поврзување изнесува 333 ЕУР.
Јас сум Верица,
По професија сум медицинска сестра, а животната професија ми е – посебен родител, мајка на мојата инспирација и хероина – Јоана, која има Даунов синдром. Животниот пат ме донесе до место каде морав да побарам алтернативи за да го олеснам животот на Јоана, а пак од тука започнува мојата нова приказна.
Во тој момент сфатив дека нема ограничувања и дека имам слободна и одговорност, да го развивам мојот живот во насока во која сакам. Па така, одлучив да се запишам на студии доктор по природна медицина, хербализам и нутриционизам, а своевремено се сретнав со Реики методата и почувствував големи подобрувања во повеќе апекти во животот, а потоа и самата станав сертифициран Реики мастер енергетски терапевт. На овој начин ја создадов оваа програма која комбинира енергетски методи, како и препарати кои ќе придонесат за лекување на телото и душата.
Во оваа програма реики методата ја искомбинирав со арома терапијата и терапија со кристали, и создадов еден пакет кој е наменет за жени кои сакаат да си посветат време на себе, да ги исчистат своите внатрешни тежини и да постигнат баланс. А главната цел е секако, таа внатрешна хармонија лесно да се пренесе во надворшноста, настаните кои ни се случуваат, луѓето и околината.
Контакт
Ви требаат повеќе информации?
Контактирајте ме, со задоволство ќе одговорам на сите ваши прашања.
Мејл
kontakt@vericaognjanova.com
Телефон
+389 72233295