Зошто да практикуваме BREATHWORK?
Затоа што секоја траума остава лузни во нашите образци на дишење. Преку методот на Breathwork, респираторното тело може да се отвори 6 пати повеќе, што тоа ни значи потенцијал за 6 пати повеќе енергија.
Дишењето е најважната функција на нашето тело. Преку дишењето, респираторниот систем влијае на сите други системи во телото (мускулно-скелетни, дигестивни, циркулаторни, ендокрини, нервни, уро-генитални, меридијански и чакра). Просечниот човек користи до 50% од капацитетот на своите бели дробови, а преку дишењето добиваме 4 единици повеќе енергија отколку преку храната.
Тоа е секогаш тука за нас, само доколку сакаме овој неверојатен и моќен ресур го искористиме во наша полза и корист.
Луѓето го земаат своето дишење здраво за готово, но ние сме тука да внесуваме свесност, а со тоа и моќ во нашето постоење.
Кои видови на
BREATHWORK постојат?
Холотропно дишење
Rebirthing (преродбено) дишење
Трансформативно дишење
Интегративно дишење
Пранајама дишење
Шаманско дишење
Што велат другите за BREATHWORK?
Не очекував многу од Breathwork, влегов по напорниот викенд со идејата да направиме некоја подолга пранајама (јога техники на дишење) и само малку да се „отпуштам“. Апсолутно не го очекував тоа што следеше, искуство кое е многу тешко да се искаже целосно со зборови и но ќе се потрудам барем да дадам информации за насоката во која се движеше ова мое неверојатно искуство. Моето искуство беше апсолутно телесно, во телото, со телото.”
“Од срце би им препорачала на сите да ја пробаат, без разлика колку е едноставна самата техника, таа е исклучително моќна. А начинот на кој води Верица е неверојатен, таа е извонреден ментор, лидер кој толку знае длабоко да навлезе во твојата есенција и суштина и едноставно да го раствори сето она што не ти е потребно, моја магионичарка е и секогаш личност на која несебично и искрено можам да се потпрам секој пат кога ќе ,,прегорам“ и се изгубам помалку во секојдневието.”
“За мене е неверојатно колку тивок беше мојот ум низ целиот процес. Сензациите и движењата што доаѓаа беа главно нови за мене. Не знам како „дојдов“ со нив и од каде дојдов, но тоа течеше сосема природно. Не можам да зборувам во категории но накратко само можам да кажам дека за првпат се спознав себе си во целина. За првпат почуствував 100% присуство во моето тело, како да пловев. Како што реков, зборовите го губат своето значење, а деталите ќе ги паметам уште долго.”
“После Breathwork ми исчезна спазмот од телото од кој не можев да се ослободам претходните две години, колку и да се трудев и вежбав. Рестарт целосен. Изненаден сум колку е моќна алатка Breathwork.”
“Ти благодарам што постоиш, што си визионер, жена лидер која неуморно секојпат ни овозможуваш нешто ново, регенеративно, ресурсно, моќно. Ти си мојот ресурсен центар. Ти благодарам што постоиш.” – Jaсмина А.
Кои се придобивките од BREATWORK ?
На телото му се обезбедува повеќе кислород
Болката е намалена или целосно елиминирана
Tелото и психата се опуштаат
Издржливоста се зголемува
Зголемување на капацитетот на белите дробови
Kонтролирање на емоциите преку контрола на здивот
Ослободување од стрес
Го подобрува сонот и ја елиминира несоницата
Отпорност на стрес
Подобрување на виталноста и зајакнување на имунолошкиот систем на телото
Подигнување на енергија
Чувство на смиреност
Забавување на стареењето и подмладување
Почист ум и перцепција
Отстранување на штетните материи од организмот и забрзување на метаболизмот
Зголемување на флексибилноста
Подобра концентрација
Самосвест
Подигнување на радост во животот
Намалување на физичкиот и психичкиот замор
Олеснување на застојот и подобрување на циркулацијата на крвта
Промена на перцепцијата и искуството на реалноста
Дали има контраиндикации?
Интензивните техники на дишење не се препорачуваат за бремени жени, срцеви болни, епилептичари, лица со остеопороза и лица со тешки психијатриски нарушувања.
Сепак, постојат и други и понежни форми на вежби за дишење за луѓето од оваа категорија.
Постигнете ослободување од удобноста на вашиот дом!
Верица Огњанова ги спроведува сите сесии 1-на-1 со клиенти исклучиво онлајн преку видео повици преку платформата Zoom и Google Meet.
За да закажете првична средба, кликнете на копчето АПЛИЦИРАЈ и пополнете го прашалникот.
Јас сум Верица,
По професија сум медицинска сестра, а животната професија ми е – посебен родител, мајка на мојата инспирација и хероина – Јоана, која има Даунов синдром. Животниот пат ме донесе до место каде морав да побарам алтернативи за да го олеснам животот на Јоана, а пак од тука започнува мојата нова приказна.
Во тој момент сфатив дека нема ограничувања и дека имам слободна и одговорност, да го развивам мојот живот во насока во која сакам. Па така, одлучив да се запишам на студии доктор по природна медицина, хербализам и нутриционизам, а своевремено се сретнав со Реики методата и почувствував големи подобрувања во повеќе апекти во животот, а потоа и самата станав сертифициран Реики мастер енергетски терапевт. На овој начин ја создадов оваа програма која комбинира енергетски методи, како и препарати кои ќе придонесат за лекување на телото и душата.
Во оваа програма реики методата ја искомбинирав со арома терапијата и терапија со кристали, и создадов еден пакет кој е наменет за жени кои сакаат да си посветат време на себе, да ги исчистат своите внатрешни тежини и да постигнат баланс. А главната цел е секако, таа внатрешна хармонија лесно да се пренесе во надворшноста, настаните кои ни се случуваат, луѓето и околината.
Контакт
Ви требаат повеќе информации?
Контактирајте ме, со задоволство ќе одговорам на сите ваши прашања.
Мејл
kontakt@vericaognjanova.com
Телефон
+389 72233295