Разбуди ја внатрешната женска убавина
Во месецот на будењето на пролетта и новиот живот, би сакала да ве поканам на мојот нов проект за благосостојба и нежно пролетно чистење. Овој проект е наменет за прочистување на нашата женска креативна сила и енергија.
За да се создаде нешто брилијантно и прекрасно, секако треба прво да се ослободиме од старото и од она што не ни користи. Да отвориме место за да дојде и протече новото.
Што е новото – секоја од вас ќе си избере сама.
Оваа програма ќе ви овозможи:
- внатрешно балансирање и порамнување на енергијата,
- подобро себеспознавање,
- поголема леснотија и
- доаѓање до своето автентично јас.
А кога внатре ќе е чисто, сјајно и балансирано, тоа почнува да се манифестира и надворешно околу нас.
Ѝ се обраќам лично на секоја од вас – Дозволи си грижа за себе, а таа грижа ќе се рефлектира на сè oна што тебе ти важно.
Ќе се разбуди твојот ентузијазам и она за што си најдобра. Ќе создаваш и помагаш со леснотија, ќе бидеш ти.
Оваа моја проверена програма (на себе и на многу драги пријателки) покажа извонредни резултати. Исчезна заморот, нејаснотијата, тешкото покренување и преземање чекори.
Ве канам заедно да ја дочекаме пролетта со бистри мисли, прочистоно тело и високи вибрации.
Од Верица
Јас сум Верица,
и ова е моја прва онлајн програма. Иако по професија сум медицинска сестра, сепак животната професија ми е – посебен родител, мајка на мојата инспирација и хероина – Јоана, која има Даунов синдром. Животниот пат ме донесе до место каде морав да побарам алтернативи за да го олеснам животот на Јоана, а пак од тука започнува мојата нова приказна.
Во тој момент сфатив дека нема ограничувања и дека имам слободна и одговорност, да го развивам мојот живот во насока во која сакам. Па така, одлучив да се запишам на студии доктор по природна медицина, хербализам и нутриционизам, а своевремено се сретнав со Реики методата и почувствував големи подобрувања во повеќе апекти во животот, а потоа и самата станав сертифициран Реики мастер енергетски терапевт. На овој начин ја создадов оваа програма која комбинира енергетски методи, како и препарати кои ќе придонесат за лекување на телото и душата.
Во оваа програма реики методата ја искомбинирав со арома терапијата и терапија со кристали, и создадов еден пакет кој е наменет за жени кои сакаат да си посветат време на себе, да ги исчистат своите внатрешни тежини и да постигнат баланс. А главната цел е секако, таа внатрешна хармонија лесно да се пренесе во надворшноста, настаните кои ни се случуваат, луѓето и околината.
Што содржи програмата?
1 енергетско прочистување на нашите енергетски трансформатори – чакрите.
(придонесува нашата енергија да тече непречено и лесно низ нашето тело)
Нашето тело се состои од повеќе енергетстки центри низ кои протекува нашата животна енергија, доколку истите имаат блокади нормално протокот не е моќен ниту целосен. Со нивно прочистување енергијата тече слободно и непречено а тоа се манифестира во сите сегменти од нашиот живот,здравје и општа благосостојба.
1 групен реики енергетски третман
(го зголемува протокот на космичката енергија)
Реики е прецизен древен тибетски систем за исцелување, ускладување и урамнотежување на енергијата, кој се користи за намалување на стресот, за релаксација и за здравје. Тој е нежен, едноставен, природен и безбеден метод на духовно исцелување и самоусовршување кој може секој да го користи.
1 етеричен бленд за емоционално ослободување
(комбинација од висококвалитетни масла што влијаат на нашите емоции)
ќе биде испратено по пошта на домашна адреса. Есенцијалните масла го постигнуваат своето влијание врз телото на 2 начини: првото е преку мирисот, а вториот е преку крвотокот! Есенцијалните масла се навистина вистински дар од природата. Тие го прочистуваат нашето емоционално тело многу брзо и ефикасно .
1 парфимиран етеричен спреј за високи вибрации
(комбинација од висококвалитетни масла)
Овој спреј ја прочистува аурата и целото наше енергетстко поле со помош на магијата на чистите етерични масла. Идален е за држење на нашата вибрација ,како и за комбинирање со енергетстки третмани, медитација и т.н.
Природни кристалчиња за подготвување програмирана вода за прочистување (детокс).
(ние сме составени од 70% вода, оттука по одреден период пиење на оваа програмирана детокс вода, резултатите се повеќе од очекувани).
БОНУС!!!
3 сапуни со чисти етерични масла
(За чиста и нежна кожа)
Да се ослободиме од сите хемикалии,вештачки ароми и парабени. Кожата е нашиот најголем орган во овие 21 ден да ја чистиме со љубов и нежност од прирдата. Ова се природни глицерински сапуни кои ги изработуваме со ЈОАНА. Нивната уникатност е во тоа што содржат чисти етерични масла од Young Living.
Поддршка
Пристап до затворена затворена Facebook група за поддршка и прашања во 21те дена на промени и љубов.
Зошто да ја одберете оваа програма?
Добивате максимум вредност за цената
Ќе ги исчистите насобраните енергетски блокади
Ќе ја подобрите енергијата и ќе добиете јаснотија за вашите понатамошни планови и активности
Ќе добиете производи кои ќе ви го променат секојдневието
Со одлуката да си помогнете себе, дополнително ќе помогнете за развојот на Јоана
Почеток на програмата
15.05.2022 во 19ч. на ZOOMПодарете си го ова прекрасно искуство
Цена 33 евра
(во денарска противвредност)
Средствата од оваа програма ќе ги наменам за изработка на биорезонантна индивидуална матрица – плоча за лекување со биорезонантни звучни бранови чија вредност изнесува 95 000 денари и којашто се очекува да го олесни функционирањето и напредокот на мојата Јоана.
Ви благодарам и со радост ве очекувам.
Пријавете се за
21 дневнате програма за будење на внатрешната женска убавина
Ви требаат повеќе информации? Контактирајте ме, со задоволство ќе одговорам на сите ваши прашања.
Мејл
kontakt@vericaognjanova.com
Телефон
+389 72233295