Што е Реики?
Реики е прецизен древен тибетски систем за исцелување, ускладување и урамнотежување на енергијата, кој се користи за намалување на стресот, за релаксација и за здравје. Тој е нежен, едноставен, природен и безбеден метод на духовно исцелување и самоусовршување кој може секој да го користи. Реики бил повторно откриен при крајот на XIX век од страна на јапонскиот доктор Микао Усуи (Mikao Usui), а подоцна проширен низ светот од страна на Хавајо Таката (Hawayo Takata).
Зборот реики е составен од два јапонски збора – „реи“ што значи „божја мудрост или виша сила“ и „ки“ што значи „универзална животна енергија“. Така, реики всушност претставува „духовно управувана универзална животна енергија“. Реики поседува сопствена мудрост, не може да се манипулира и тече насекаде каде што постои некаква нерамнотежа.
Реики
& Излекување
Реики се базира на идејата (која ја има кај сите енергетски и духовни техники на исцелување) дека во вселената постои изобилство од духовна енергија.
Во вселената постои „животна сила“ која одредува дали сме живи или не, како и степенот на нашата благосостојба. Таа „животна сила“ постојано тече низ нашето физичко и енергетско тело. Сите ние имаме вродена дарба за исцелување – нашето тело знае да се излечи само, а тоа се прави со „положување на рацете“.
Постојат неколку позиции во кои оној што дава реики е во директен контакт со клиентот, но во повеќето реики-третмани воопшто нема допирање. Тој што дава реики ги држи дланките на неколку сантиметри од телото на клиентот и оттаму управува со енергетското поле. Во реикито енергијата се канализира на специфичен начин за телото, во кое енергијата излегла од рамнотежа, да се исцели, хармонизира и да му се врати рамнотежата.
Реики ја исцелува комплетната личност – телото, емоциите, умот, духот и кармата, создавајќи многу корисни ефекти како што се релаксација, чувство на внатрешен мир, безбедност и благосостојба. Тоа го доведува телото во хармонија така што го ослободува од телесните и емотивните блокади. Реики ги отвора вратите за да можеме да се вратиме кон сопствената совршеност, каква и да е таа, со тоа што ги третира причините и ги отстранува последиците. Реики третманот доведува до длабока опуштеност.
Реики се покажало успешно како помош во лечењето на речиси сите болести познати на човекот и секогаш дава благотворни резултати. Исто така, реики може да се комбинира со сите останати медицински и терапевтски техники за да се ублажат несаканите последици и полесно да се закрепне.
Реики не е религија и не е догма. Духовноста на реики ја буди одговорноста да се живее и да се делува во хармонија со другите луѓе. Д-р Микао Усуи, основачот на системот на природно исцелување со реики, препорачал неколку едноставни етички идеали со кои се поттикнуваат мирот и хармонијата, универзални за сите култури.
Принципи на Реики методата:
- Само денес, нема да се грижам;
- Само денес, нема да се лутам;
- Само денес, ќе покажам благодарност за сите мои благослови;
- Само денес, чесно ќе ја работам мојата работа;
- Само денес, ќе ги почитувам моите предци, учители и сите живи суштества.
Д-р Микао Усуи
Како може Реики да ви помогне?
Реики е многу стара техника за исцелување која се базира на користење на Универзалната енергија, и е наменета за подобрување на капацитетот на виталната енергија на човекот, за подобрување на имунитетот, и за подобрување на квалитетот на животот.
Научните истражувања покажале дека една личност во просек прима од 5% до 10% животна енергија од просторот, додека со користење на Реики методата се овозможува прилив на енергија во телото од 90% до 100% животна енергија.
Реики врши влијание на човечкиот организам непосредно преку енергетскиот канал и биополето, и исто така преку ендокриниот систем. Кога биополето на организамот е полно со животна енергија тоа постанува подобро организирано. Енергијата создава организиран ДНК и РНК кои под влијание на Реики, создаваат подлога за подобро функционирање на протеинските ензими и синтези, како и поделбата на ќелиите. Кога ќелиите добро функционираат, тогаш жлездите, органите и ткивата добро функционираат, со тоа го одржуваат организмот во добра кондиција.
Реики методата нема штетни влијанија, и не може да се користи во негативни цели. Оваа метода е компатибилна со сите постоечки методи за исцелување и лечење, како и со сите техники за личен и духовен развој, и го потикнуваат целокупното исцелување на индивидуата. Во многу развиени земји Реики методата е интегрирана со методите на современата медицина.
Во Македонија Реики методата е официјализирана со подзаконски акт во Законот за комплементарна и алтернативна медицина.
Придобивки од Реики
- Поттикнување на природните способности на човековиот организам на само-исцелување;
- подобрување на имунитетот;
- подобрување на виталноста на организмот;
- подмладување, продолжување на животниот век и заштита на организмот од несакани дејства на лекови;
- забрзување на процес на одравување; ослободување од стрес, несоница, депресија; воспоставување на рамнотежа на телото, духот и умот; елиминирање на токсини и други штетни материи од организмот;
- ослободување од анксиозност и паника; хармонизација на емоционалната состојба;
- подобрување на нивото на концентрација и памтење;
- подигнување на нивото на интуиција; подобрување на социјална адаптација;
- исполнување со позитивна енергија и оптимизам;
- поттикнување на процесот на само-остварување, развој на постоечките и откривање на нови потенцијали;
- хармонизација на меѓучовечките односи;
- подигнување на нивото на свеста;
- подигнување на позитивни вибрации во секојдневниот животен простор на сите полиња;
- постигнување на позитивни цели и многу повеќе.
Реики мастер терапевт
Верица Огњанова е сертифициран Реики мастер енергетски терапевт. Нејзината практика вклучува работење на Реики методата и на далечина.
Дополнително во индивидуалните сесии кои ги води Верица со нејзината програма, таа ги вклучува Реики енергетските сесии кои значително овозможуваат подобрување на квалитетот на животот на клиентот. Реики сесиите се одвиваат во опуштена и релаксирана атмосфера.
Закажете консултација
Ви требаат повеќе информации? Контактирајте ме, со задоволство ќе одговорам на сите ваши прашања.
Мејл
kontakt@vericaognjanova.com