STRESS AWAY
За жал, луѓето кои се под стрес и за најмали работи имаат тенденција да се држат до работните места долго време, плус начинот на кој живееме една година не ги олеснува работите … постојаното размислување за тоа кога ова ќе заврши… што се ни се врти низ главата, па кога емоциите ќе не зафатат, мене конкретно ова масло навистина ми се допаѓа колку ми помага при вакви деново и едноставно се натопувам со него.
Stress away маслото може да се нанесе на вашитр зглобови, над градите и позади ушите … и не само што е емоционалната поддршка во шише и мириса толку прекрасно што може да се користи како парфем.
Доколку постои масло без кое не би можела да живеам (покрај цитрусните масла ) тоа е маслото Stress away. Никогаш не разочарува и мирисот е прекрасен.
Stress away е комбинација на копаида, липа, кедрово дрво, зелен лимон, ванила и лаванда.
Одлично е и за мама и за децата!
Во дифузерот или на кожата, без оглед на тоа што ќе одлучите да ја користите оваа мешавина, ќе уживате во неговиот мирис и придобивки, и она што на секој му е потребно а тоа е опуштање на умот и телото.