Длабоко во нас често имаме потреба да се преиспитуваме и да се прашуваме дали тоа е она вистинското?
Кај нас вродено е чуството на носталгија, особено при завршување на некој процес или животен круг,етапа или слично.Притоа истиот можеби и не бил она вистинското или она за кое сме сонувале но кога ќе дојде моментот да затвориме некој круг се будат тие чувства на тага носталгија и дали ова е вистинското?
Дали е ова е тоа што навистина ми треба? Сомнежот кој е наш прикриен другар во новото и се труди да не заштити .
Но, дали вистински нè штити тоа е малку дискутабилно…неговата цел е да нè заштити.Да преживееме но дали и да живееме?
Како и сè во универзумот така и на нашата плнета сè постојано расте,експандира,се шири и има постојана тенденција да расте и се развива…Па и ние како дел од нив имаме постојана тенденција за раст и промени.Ние несвесно постојано растеме и се развиваме.Нашата свест секој ден расте и експандира со нови повисоки знаења и вештини од вчера.Но овие рептилни делови си имаат свое место во нас и ако не биле тие, не би биле онаму каде што сме денес .
Но, нашето најголемо оружје,нашата свест која нè разликува од останатите членови на овој планетарен систем е овде за да ни служи и да ни помага во она за кое сме створени.A тоа е нашата експанзија,нашиот раст и развој .
За жал многу често водени од нашие рептилни делови на мозокот кој се тука да нè заштитат,но од реалните опасности кои некогаш го демнеле човекот кога живеел номадстки живот и кога дивите животни не биле многу далеку од неговата задница.Денес овој дел се активира кога минуваме на пешачки,но и секој пат кога пробуваме нешто да промениме и започенеме нов животен круг во својот живот!
Па нашите постари делови од нас ќе направат сешто е во нивна моќ за да не заштитат т.е. да не остават во комфор зоната и да си тераме така и таму каде што сме.
Но дали е тоа нашата вистинска суштина ?
Дали сме сега и овде за да преживуваме ?
Или сме сега и овде за да живееме за да инспирираме,да се радуваме,да учиме и растеме секој ден?!
Тоа е она што е длабоко во нас,кое за жал многу луѓе барајќи сигурност ја изгубиле слободата и целата природна внатрешна среќа која си ја носеме со себе…Затоа бебињата и децата се радуваат постојано на животот бидејќи тоа е нашата суштина,тоа е нашата вистинска природа.
За жал многу луѓе барајќи сигурност како и балканскиот начин на живот што ни е вкоренет длабоко во нас :покрив над глава, лепче и сирење и ќути има и полошо…
Па подоцна се прашуваме на 40тина години од каде се сите физички манифестации на болест,психолошки проблеми и анксиозност .
Од каде доаѓа сето ова ?
Ние иако имаме признаено наука за душата или психологија,сепак сешто ние апстрактно нашиот ограничен ум кој во се бара логика некако ја занемаруваме оваа цела наука иако навидум присутна и призната.
Нашата душа комуницира постојано со нас преку нашите емоции,таа ни покажува дали сме во склад со себе и својата и суштина или сме отишле некаде далеку.
Секоја внатрешна емоционална манифестација е само говорот на нашата душа,за жал многу луѓе поради погрешниот воз во животот и погресната избрана дестинација мислат дека немаат избор и неможат ништо,а всушност решението е само ако се вратиме од погрешната дестинација .Секоја дестинација е возможна но сам8 доколку си на правиот пат до неа.
Па многумина изгубени во лавиринтните патишта на животот немаат храброст да го побараат патот за назад и заради сигурност решаваат да останат таму какде што се.Иако длабоко во себе знаат дека за нешто друго сонувале…а нашите соништа не се ништо друго само говорот на нашата душа,зошто таа избрала да е овде и нашата мисија.
И нормално доколку сме далеку од нашите соништа од нашата мисија и страст зошто сме овде и зошто постоиме …тогаш нашата душа само ни дава јасна насока преку емоциите дали сме блиску или далеку од нашата суштина и она вистинското. Па застани за момент и подари си неколку мига за себе следење и запрашај се .Кој сум јас навистина јас?Зошто сум овде?Која е мојата страст?Како јас искрено се чувствувам?
Од срце ви посакувам секој да си ја слушне својата душа и ги увиде сите свои најдлабоки желби и страсти за кој избрал да е овде и за кои сигурно овој свет има потреба.
Во животот сум запознала неколку луѓе кои го живеат својот сон и својата страст т.е. она во кои се најдобри и она за што му се потребни на светот.
Верувајте нема поубаво чувство од тоа и на секој му посакувам да ја слушне својата душа и својот внатрешен глас кој знае добро што,како и кога сака.
Бидете храбри и борете се за своите соништа,таа е единствената борба за која вреди да се бориме.
А среќата ги прате храбрите тоа од лично искуство ви го гарантирам,само пробајте и осмелете се…А ако си направиот пат секогаш животот ќе те поттурне и ќе го добиеш неговото да .

Излезете од сите програми на жртва,немоќ немање ресурси ….јас изгубив многу работи во животот а најмногу пари на лажни пријателства и многу емоции на тага и болка ….
Верувајте во кармата и хируршката прецизност на правдината и љубовта …
А никој неможе толку да ви земе колку што Бог може да ви даде ….на крајот на краиштата секој што зема туѓо и нечесно само си зема од своето …а времето најголем доказ за се.
Живејте го храбро секој ден …Тој ни е подарок а само од нас зависи дали ќе гоживееме со радост,вистински и со страст за она што сме навистина створени или ќе живееме на туѓи дестинации,ќе зборуваме туѓи мисли,ќе раскажуваме туѓи грешки или ќе ги раскажуваме нашите соништа и патот до нив кој никогаш немора да е совршен.
Праќам љубов,свесност и искрена желба секој да го слушне гласот на својата душа.
Срдечен поздрав.