Елементи

Ритрит на душата

Овој ритрит не е само тридневно повлекување. Ова е повик. Потсетник. Преродба. Тоа е длабок процес на враќање дома – во своето срце, тело и душа. Во периодот кога мојот свет беше во мрак, кога надежта се губеше, токму таму ме пронајде светлината.

Овој ритрит е создаден за тебе ако:

  • Чувствуваш дека е време да отпуштиш
  • Да простиш
  • Да се поврзеш со својата душа и нејзината мисија
  • Да го исцелиш срцето и да се вратиш во својата автентичност
  • Исцелување и затварање на сите стари временски линии кои се базираат на илузија и поврзување со нашата оригинална временска линија
  • Исцелување на родот и сите болни и трауматични настани кои се случувале во родот а денес го моделираат многу слично и твојот живот ….ова е време и место каде тие мрежи ќе бидат ослободени и растворени засекогаш.
  • На овој начин овозможуваме и создаваме простор за нова и здрава креација во нашата нова боженствена, а притоа и физичка реалност

Кога?

22 – 24 мај, 2026

Петок до недела

Каде?

Вила Белица

Вила Белица, Македонски Брод

Активностите почнуваат од

09:00

Секој ден

Придружете ни се во Вила Белица во Македонски Брод за три дена импресивна програма. Сместувањето и оброците се вклучени за сите учесници на ретритот. Местата се ограничени - обезбедете ги вашите рано.

Што ќе искусиш?

Семејни констелации

Енергетска работа

Breathwork

Какао церемонија

Хипнотички медитации

Angelic Healing

Reiki

Сето ова – спроведено во прегратките на Вила Белица, покрај лековитата Беличка река. Таму каде што тишината зборува, природата лекува, а секој дел од тебе конечно може да здивне.

Зошто да ја одбереш оваа програма?

N

Можност за стекнување на нови здрави пријателски врски кои траат цел живот

N

Сместување во двокреветни и трокреветни удобни апаратмани (можност за резервирање за пријатели, партнери)

N

Две ноќевања со вклучен доручек

N

Неверојатна боженствена исцелувачка природа на Вила Белица- Македонски Брод

N

Раскошно зеленило и високи исцелувачки вибрации покрај Беличка река

N

Моќно енергетстко место каде ќе ослободиме многу и ќе се повземе со нашите корења на едно подлабоко ниво

Ова е ритрит за оние што се подготвени за вистинска средба со себе.

За оние што се спремни да се ослободат од стари шаблони и да запловат ослободени во нова реалност. За оние што сакаат да си дадат нова шанса. Ако душата ти шепоти „ова е за мене" – послушај ја. Бидејќи таа веќе знае.

Бројот на местата е ограничен

Резервација и информации: 072 233 295

Инвестиција во себе

8 888денари

Агенда

Петок

22 мај

  • Добредојде и поврзување
  • Медитација за срцето
  • Отворање на светиот круг
  • Какао церемонија

Сабота

23 мај

  • Длабока енергетска работа
  • Breathwork сесија и поврзување со твојот доминантен елемент
  • Длабоки хипнотички медитации преку кои ќе исцелуваме трауми од овој живот ,од нашата потсвест како и трансгенерациски трауми.
  • Медитација за балансирање на петте елементи 
  • Семејни констелации
  • Отворање на светиот круг
  • Танцување, пеење и бројни вежби за ослободување на потиснатиот глас и целиот акумулиран и заглавен стрес и адреналин во нашето тело

Недела

24 мај

  • Breathwork сесија 
  • Посета на местото извор и отпуштање ритуално на нашата стара верзија од себе, капење во реката, енергетстко ново раѓање и спојување со новата верзија од себе 
  • Светлосен процес на билокација во иднината
  • Поврзување со својата супер-свест и својата идна верзија од себе 
  • Споделувања искуства и поврзување со групата на ниво на духовна фамилија 
  • Затворање на кругот

Придружетеи ни се во Вила Белица во Македонски Брод за три дена импресивна програма.  Местата се ограничени - обезбедете ги вашите рано.

Од Верица

Јас сум Верица,

По професија сум медицинска сестра, а животната професија ми е – посебен родител, мајка на мојата инспирација и хероина – Јоана, која има Даунов синдром. Животниот пат ме донесе до место каде морав да побарам алтернативи за да го олеснам животот на Јоана, а пак од тука започнува мојата нова приказна. Во тој момент сфатив дека нема ограничувања и дека имам слободна и одговорност, да го развивам мојот живот во насока во која сакам. Па така, одлучив да се запишам на студии доктор по природна медицина, хербализам и нутриционизам, а своевремено се сретнав со Реики методата и почувствував големи подобрувања во повеќе апекти во животот, а потоа и самата станав сертифициран Реики мастер енергетски терапевт. На овој начин ја создадов оваа програма која комбинира енергетски методи, како и препарати кои ќе придонесат за лекување на телото и душата. Во оваа програма реики методата ја искомбинирав со арома терапијата и терапија со кристали, и создадов еден пакет кој е наменет за жени кои сакаат да си посветат време на себе, да ги исчистат своите внатрешни тежини и да постигнат баланс. А главната цел е секако, таа внатрешна хармонија лесно да се пренесе во надворшноста, настаните кои ни се случуваат, луѓето и околината.

Пријавете се 

Ви требаат повеќе информации? Контактирајте ме, со задоволство ќе одговорам на сите ваши прашања. 

Мејл

kontakt@vericaognjanova.com

Телефон

+389 72233295

mk_MKMacedonian