1 Декември …woow за 1 месец Нова година.Од дете се радував за овие најубави моменти од годината, по 1 месец украсував секој сегмент од домот со голема радост и љубов. Како човек расте и работи на себе ја глед поголемата слика, таа моја радост и љубов која сум ја негувала низ годините всушност бил мојот контакт и комуникација со детето во мене.Тоа е една од вештините на кои сум најмногу горда иако несвесно јас сум го негувала тој дел од мене и сум успевала да најдам радост и креативност безразлика на моменталната ситуација .За тоа навистина треба силна волја и љубов ,па така во пресрет на овој најубав период за мене размслувам за колективниот начин на креирање на работите .
Најстудениот период од годината човекот пронашол начин да го затопли со топли бои, облека, детали, сијалички, подароци… колку е фасцинантно тоа нели?
Разбирам дека овде има и маркетиншки трик наметнат од компаниите како што е впрочем за секој празник со подароци ,попусти,патувања и т.н. И тоа е сосема ок ,тој профит потполно се рефлектира колетивно и лугето кои работат за тие компании и т.н. Воедно со подароците се крева колективната вибрација на радост и среќа,нормално и индивидуалната вибрација и тоа сето многу ме радуба што ете човекот низ годините и вековите наоѓал алатки за поквалитетен живот.
Е сега каква емоција на сите ни буди зборот Нова година ?Верувам на повеќето радост ,среќа,оптимизам ,замислување нови желби ,цели и соништа.Повеќето не асоцира на светкаво,луксузно ,на подароци на љубов .И тоа ни е врежано на сите во нашата потсвест нели?
Епа од каде произлегува тоа?
Нормално од сите наши извори ,сета околина е со билборди ,од медиумите ,од празничните филмови,од социјалните мрежи или буквално од сите извори околу нас тие будат емоција на славење и радост и несвесно ние наметнат програм на радост ,среќа,ентузијазам имаме водечка сила за нови цели и предизвици .
Епа ако Новата година е една прекрасна златна луксузна кутија накитена со најразлични детали ,ако и се радуваме и ја славиме …зошто после 10дена ни паќа ентузијазмот и почнува старата песна ?
Како е возможно да ја славиме кутијата ако таа е Новата година а подарокот внатре или идните 365 дена повторно да ни се преплавени со жалење ,кукање ,со црни хроники и т.н. Па?
Замислите денот да ни започнуваше со вести како од типот денес е неверојатен ден ,денес е единствен ден ,или денес е неповторлив ден или само денес е 1 Декември 2021 година ?
Но за жал среќата,радоста која ни се сервира за празниците многу брзо исчезнува и повторно ни се сервира паника страв и повеќе се слави смртта отколку животот .И што е најинтересно повторно секојдневно и на несвесно ниво .
Mојата цел е да бидеме свесни креатори на својот живот ,да ја славиме Новата година да ја китиме кутијата колку можеме со посветкави и шарени желби и соништа ,но и да не дозволиме ентузијазмот да ни спласне за неколку дена ,туку радосно и свесно на секој ден од тие 365 што се внатре во луксузната и светкава кутија да ги направиме уште по светкави сјајни и што е најбитно реални ,вистински и дел од нашата скромна реалност.
Имаме уште 1месец па да креираме неверојатна сјајна кутија и уште посјајни подароци внатре или нови 365дена .
Ве поздравувам и праќам љубов.