PROGESSENCE PLUS
PROGESSENCE PLUS е серум кој е наменет и дизајниран за хормонална и емоционална поддршка за жените. Овој серум се базира на екстракт од диви јами кој е природен извор на прогестерон. Исто така, некои од маслата што се наоѓаат во серумот се темјан, бергамот, пеперминт, каранфилче, копаиба и витамин Е.
За нас жените, ова значи регулирање на циклусот и регулирање на кошмарот на емоциите што секако може да биде резултат на нерамнотежа на хормоните, особено во „тие денови“. Некои дополнителни придобивки од овој серум се: регулирање на ПМС симптомите (вклучително општо познати непријатни грчеви), зголемено либидо, мирен сон и убава кожа.
Која жена не би поминала добро со ова? Мислам дека на секој од нас во одреден момент му треба малку поддршка, особено во оваа форма!
Како да го користите?
*2x на ден, секој ден.
Имам само пофални зборови за овој серум. Мирисот е прилично остар и силен, но ако мирисот не ви одговара, секогаш можете да го нанесувате на нозе ( стапала) ! Веќе ги почувствував придобивките од користењето на ова масло по еден месец, и со текот на времето моето задоволство само се зголемува! Како и кај сите масла, важна е постојаноста при употреба