Рачно изработен природен сапун со минерални пигменти
Минералните пигменти се производи добиени со преработка и прочистување на
природни минерали.
Се употребуваат во процесот на изработка на сапун, топол и ладен процес, во
глицерински сапун, шампони, течен сапун и декоративна козметика за добивање на
една поинаква слика и луксузност на самиот модел.
Рачно изработен природен сапун од внимателно избалансирани билни масла кокос,
палмино, маслиново и рицинус, природна свила, Е-витамин, минерални пигменти.
Етерично масло Лаванда и Лимонова трева.
Етеричното масло Лаванда го регулира лачењето на себумот и спречува појава на
акни.
Етеричното масло Лимонова трева е антисептик и делува антибактериски.
Ја чисти и хидрира кожата на телото без да ја наруши природната влажност.
Овој сапун одговара за сите видови кожа.
Без синтетички мириси, бои и адитиви.
Испитувањето го врши Институтот за Јавно Здравје на Република Македонија.
Нето тежина: 140г
MK Состав: Вода, Билни масла: Маслиново, Палмино, Кокосово, Рицинус, Натриум
Хидроксид (нема слободен во финалниот производ), Етерични Масла: Лаванда,
Лимонова трева, Минерални Пигменти.