Рачно изработен природен сапун со коприва

Копривата е драгоцена билка која содржи многу флавоноиди, стероли, хлорофил,
минерални соли (калциум, калиум, фосфор, железо), витамин Ц и провитамин А.

Освен во исхраната се користи и во козметиката, има антиинфламаторни и
антибактериски својства и го инхибира растот на бактериите и воспалението на кожата.

Го регулира себумот и ја зајакнува косата.

Етерично масло Рузмарин го стимулира растот на косата и ја регенерира.
И дава сјај на косата, помага при првут и го намалува нејзиното опаѓање и белење на
косата.

Етерично масло Еукалиптус е природен аналгетик, одлична ароматерапија за телото и
зглобовите.

Овој сапун одговара за сите видови кожа и кратка коса.

Рачноизработен природен сапун од билни масла Кокосово, Палмино, Маслиново и
Рицинус, мелени листови од коприва, природна свила, Е-витамин, Етерично масло
Рузмарин и Еукалиптус.

Ја чисти и хидрира кожата на телото без да ја наруши природната влажност.

Без синтетички мириси, бои и адитиви.

Испитувањето го врши Институтот за Јавно Здравје на Република Македонија.

Нето тежина: 140 г

Нарачај

mk_MKMacedonian